Апасиев ќе ја тужи новинарката Јордановска: Барајте си добар адвокат

Пратеникот Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил напиша дека ќе ја тужи новинарката Мери Јордановска од онлајн-медиумот А1он за сторено кривично дело „неовластено објавување личен запис“.

„Ај вака… Ако ти речат: “Ќе те тепам” – тоа е закана. Ако ти речат: “Ќе те ТУЖАМ” – тоа е опомена.

И да. Мери Јордановска од провладиниот портал А1он – ќе те ТУЖАМ за сторено кривично дело “неовластено објавување личен запис” (смс кореспонденција). Барајте си добар адвокат. По можност ЗНМ да ти го плати. Или Сорос“, напиша Апасиев.

Ден претходно, лидерот на Левица сподели објава која беше осудена од страна на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за поттикнување на омраза кон новинарката од истата редакција, Габриела Димковиќ-Мишевска.

 

ЗНМ со осуда за поттикнувањето омраза на пратеникот Апасиев кон новинарката Димковиќ

Бранимир Јовановиќ до Левица: Каде се Апасиев и Крмов да прават „филибастеринг“ за 3-те милиони евра народни пари за политичките партии?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот