Фото: facebook.com/Brera Strumica

АП Брера посакува триумф против директниот ривал за опстанок во елитата

Тимот на АП Брера во еден од директните дуели за опстанок денеска (15.30 часот) ја пречекува екипата на Македонија ЃП.

Првата македонска фудбалска лига влезе во самата завршница и сега веќе нема простор за големи грешки.

Го знае тоа и стратегот на АП Брера, Мартин Алаѓозовски:

– Ова е еден од мечевите против директните конкуренти за опстанок. Немаме право на кикс. Играме на домашен терен и нашата цел е да ги освоиме трите бода. Знаеме дека нема да биде лесно, затоа што и на Македонија ЃП бодовите и се многу потребни. Но, подготвени сме за надигрување и веруваме дека ќе успееме да стигнеме до триумф – вели шефот на стручниот штаб на АП Брера.

Струмичкиот тим во моментот се наоѓа на осмата позиција со 32 бода, колку што има и седмопласираниот Арсими и е во трка за избегнување на позициите кои водат во бараж за опстанок. Македонија ЃП е на претпоследното место, со 23 бода на контото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот