Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-

Антонели блеска, славеше и во Мајами за трета победа во низа

Кими Антонели продолжува да блеска во Формула 1, откако стигна до победа на трката за Големата награда на Мајами, четврта во сезоната.

Младиот возач на Мерцедес го продолжи фантастичниот ритам и ја запиша третата победа по ред, по триумфите во Јапонија и Кина. И покрај одредени проблеми со болидот во текот на трката, Антонели успеа да се избори со силната конкуренција и да стигне до нов голем успех.

На втората позиција финишираше Ландо Норис во болидот на Мекларен, додека третото место му припадна на неговиот тимски колега Оскар Пјастри.

Топ 10 пласманот го заокружија Џорџ Расел, Макс Ферстапен, Шарл Леклер, Луис Хамилтон, Франко Колапинто, Карлос Саинц и Александар Албон.

ВИДЕО | Инцидент на трката во Мајами: Се преврте болидот на Гасли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот