Си Џинпинг / Фото: EPA-EFE/ZHANG LING

Антикорупциската акција во Кина: Шеф на полиција под истрага

Шефот на полицијата на североисточниот кинески индустриски центар Шенјанг се наоѓа под истрага, по наредба на Комунистичката партија, откако претседателот Си Џинпинг ја започна кампањата за чистење на земјата од корупција и на мета се високи функционери во Кина, пренесува АП. 

Органот за антикорупција наведува дека Јанг Џијанџун, кој воедно е и потпретседател на градското собрание, е суспендиран поради бројни сериозни законски и дисциплински прекршоци. 

Шенјанг, градот во кој живеат околу девет милиони луѓе, веќе долго време е главниот центар за тешката индустрија, но како и во голем дел од североисточна Кина, регионот почнал да паѓа економски, бидејќи југоисточните градови како Шангај се развиваат во финансиски и високо технолошки градови. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот