Антибиотиците поскапеа во Нигерија за повеќе од илјада отсто

Фото: Flickr

Во најнаселената африканска нација, Нигерија, цената на антибиотиците се зголеми за повеќе од 1.000 отсто меѓу 2019 и 2023 година, бидејќи производителите на лекови продолжуваат да се борат со девизните предизвици и зголемените трошоци за производство.

Извештајот „СБ Морген Интелиџенс“ („SB Morgen Intelligence“) насловен: „Плаќање на цената на здравјето“ ги анализираше ефектите од нигериската економија и девизната криза врз цените на основните лекови во земјата.

Помеѓу 2019 и 2023 година, групата соопшти дека собирала податоци за цените на лековите во четири широки категории лекови против маларија, антибиотици, лекови против болки и лекови против настинка.

Извештајот покажува дека антибиотиците забележале најголем пораст на цената, а антибиотските капсули Ампиклок (Ampiklok) од 500 милиграми забележале најголем скок. Цената на чинење се зголемила за 1.390 отсто, а продажната цена за 1.100 отсто во периодот од 2019 до 2023 година.

Лековите против маларија забележаа најбавен раст на цената во набљудуваниот период, додека само еден (Новалгин) во категоријата лекови против болки ја задржа својата цена од 2022 година во 2023 година, по растот на цената од 25 проценти во 2022 година, пишува „Премиум тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот