Анкета на МРТ 1: Двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во ИЕ 1 и ИЕ 5

фото: МРТ, Анкета на јавниот сервис за рејтингот на партиите

Речиси двојна е предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ во првата изборна единица, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје која беше презентирана во вечерашната емисија „Објектив“ на МРТ 1.

На прашањето, дали ќе излезете на гласање доколку следната недела има парламентарни избори, 40,5 отсто од испитаниците рекле дека сигурно ќе гласаат, наспроти 22,2 отсто кои рекле дека нема шанси да гласаат. Веројатно ќе гласаат 10,9 отсто од испитаниците, веројатно нема да гласаат 8,7 отсто и не знаеле или немале одговор 17,7 отсто од испитаниците.

На прашањето за која партија ќе гласате на следните парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 20,6 отсто од испитаниците во првата изборна единица, а 10,4 отсто одговориле дека својот глас ќе го дадат за СДСМ.

За ДУИ се изјасниле дека ќе гласаат 6,7 отсто од испитаниците, 4,3 отсто рекле дека ќе гласаат за коалицијата на опозициските партии на Албанците „Европски сојуз за промени“, 1,4 отсто ќе гласаат за Алијанса за Албанците, 4,5 отсто за Левица и 2,9 отсто за новоформираната партија на Максим Димитриевски ЗНАМ.

На прашањето, која партија сметате дека ќе победи на претстојните парламентарни избори, 28,1 отсто од гласачите предвидуваат победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а 8,3 отсто на СДСМ.

Во политичкиот блок кај Албанците, 5,9 отсто од испитаниците предвидуваат победа на ДУИ, а 4,5 отсто сметаат дека победник на изборите ќе биде коалицијата „Европски сојуз за промени“.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори има предност во однос на кандидатот на СДСМ. На прашањето, за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 19,4 отсто од сипитаниците, за кандидатот на СДСМ – 9,7 отсто, за кандидатот на ДУИ- 6,6 отсто и за кандидатот на коалицијата „Европски сојуз за промени“ – 4,4 отсто. Осум отсто од гласачите рекле дека ќе се определат дури откако партиите ќе ги соопштат кандидатите.

На прашањето, која партија сметате дека најдобро би се справила со проблемите со кои се соочува Македонија, најголем дел од испитаниците – 25,1 отсто одговориле ниедна. 18,7 отсто сметаат дека тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ, а 8,6 отсто СДСМ.

На прашањето, дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт или таа треба да остане иста, 59,4 отсто од испитаниците одговориле дека власта треба да се промени, 14,8 отсто сметаат дека таа треба да остане и 25,8 отсто се изјасниле дека не знаат или немале одговор.

Високи 58,5 осто од испитаниците од првата изборна единица се изјасниле дека Македонија се движи во целосно погрешна насока, а само 8,6 отсто сметаат дека државата се движи во целосно правилна насока. Како најголемиот проблем со кој се соочува Македонија, гласачите од првата изборна единица го посочиле криминалот и корупцијата, потоа следат економијата и животниот стандард, високите цени и квалитетот на образованието и на здравството.

Во емисијата беа презентирани резултатите од анкетата спроведена и во петтата изборна единица. И тука голем дел од испитаниците се изјасниле дека Македонија се движи во целосно погрешна насока – 49 отсто, наспроти 13,1 кои сметаат дека државата се движи во целосно правилна насока. И гласачите во петтата изборна единица ги посочиле криминалот и корупцијата како најголем проблем со кој се соочува државата, а потоа следат економијата и животниот стандард, високите цени и квалитетот на образованието и на здравството.

На прашањето, за која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори, и во петтата изборна единица опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во водство пред СДСМ, но за разлика од првата изборна единица, предноста е помала. Така, за ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека ќе гласаат 19,8 отсто од гласачите, за СДСМ 13,6 отсто, за ДУИ 6,1 отсто, за коалицијата „Европски сојуз за промени“ – 2,1 отсто, за Алијанса за Албанците – 2,8 отсто, за Левица се изјасниле 2,9 отсто и за ЗНАМ – 2 отсто.

На прашањето, која партија сметате дека ќе победи на парламентарните избори, 28,4 отсто се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 14,2 отсто за СДСМ, 6,1 отсто за ДУИ, 1,9 отсто за коалицијата „Европски сојуз за промени“, 2,5 отсто за Алијанса на Албанците, 2,7 отсто за Левица и 2 отсто за ЗНАМ.

20,1 отсто од гласачите во петтата изборна единица рекле дека на претстојните претседателски избори ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, а за кандидатот на СДСМ ќе гласаат 14,3 отсто. Во албанскиот политички блок, за кандидатот на ДУИ ќе гласаат 6,9 отсто, за кандидатот на Алијанса на Албанците 2,7 отсто и за кандидатот на коалицијата „Европски сојуз за промени“ се изјасниле 2,1 отсто од испитаниците.

И во петтата изборна единица, слично како и во првата, најголем дел од гласачите сметаат дека ниедна партија не може да се справи со проблемите со кои се соочува Македонија – 24,7 отсто. 20,5 отсто сметаат дека тоа е партијата ВМРО-ДПМНЕ, а 13,1 отсто СДСМ.

На прашањето, дали на наредните избори треба да се промени актуелната власт или таа треба да остане иста, 58,8 отсто од испитаниците одговориле дека власта треба да се промени, 22,1 отсто сметаат дека таа треба да остане и 19,1 отсто се изјасниле дека не знаат или немале одговор.

Аналитичарот Петар Арсовски оцени дека во анкетата доминира опозициското расположение и дека резултатот на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица е исклучително добар имајќи предвид дека СДСМ во оваа изборна единица има тредиционално подобри резултати. Според аналитичарот Владимир Божиновски, првата изборна единица секогаш е огледало на состојбата на ниво на државата, бидејќи граѓаните се најсензибилизирани кога станува збор за политиката. Најинформирани се и најкритички и нивната лојалност кон некоја партија секогаш е најмала, оцени Божиновски. Гледајќи ги рејтинзите во првата изборна единица, според него, јасно е дека во парламентот ќе има пратеници од повеќе партии, вклучително и од Левица и ЗНАМ.

Анкетата е спроведена телефонски, во првата изборна единица на 1 017 испитаници, а во петтата на 1 000 испитаници, во периодот на втората половина на јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот