Анкета: Мнозинството во САД бара полицијата да се повика на одговорност за третманот на Афроамериканците

epa08456908 Protesters gather on the opposite police after the police fired tear gas during a protest over the death of George Floyd, who died in police custody, near the White House in Washington, DC, USA, 31 May 2020. A bystander's video posted online on 25 May, shows George Floyd pleading with arresting officers that he couldn't breathe as an officer knelt on his neck. The unarmed black man soon became unresponsive, and was later pronounced dead. According to reports on 29 May, Derek Chauvin, the police officer at the center of the incident, has been taken into custody and charged with murder in the death of George Floyd. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Шест од десет Американци сметаат дека земјата треба да стори повеќе полицијата да се повика на одговорност за жестокиот третман на Афроамериканците, се дознава од најновата анкета на Вашингтон пост и Еј-Би-. 

Анкетата исто така укажува на скептицизм меѓу Американците за тоа како претседателот Џо Бајден се справува со проблемот, со 42 отсто кои велат дека тој направил „премалку” да ја реформира полицијата. 

Неделава, повторно беа регистрирани убиства на Афроамериканци од страна на полицијата. По повик за семејна расправа во вторникот во Колумбус, Охајо, девојче на 16 годишна возраст загина од истрели на полицаец. Едно лица пак загина од полициски истрел вчера во Северна Каролина, за време на извршување налог за претрес. 

Убствата се случија во текот на последниот ден од судењето и веднаш по објавената пресуда на поротата за убиство под три точки над Дерек Шовин, екс-полицаецот од Минеаполис кој лани во мај го уби Џорџ Флојд, што предизвика масовни општествени бранувања и протести низ САД, со подем на движењето „Црните животи се важни” и други левичарски и анархистички групи. 

Анкетата на Вашингтон пост и Еј-би-си, спроведена токму во завршните денови на судењето над Шовин, укажува дека загриженоста за односот на полицијата кон црномурестото население во САД, што вклучува повеќе нациналности покрај Афроамериканците, и која се зголеми лани во текот на протестите на движењето по убиството на Флојд, сега е малку намалена.  

Но загриженоста сепак е на највисоко ниво споредено со сличните анкети извршени во изминатите три и пол децении. 

Од најновата анкета се дознава дека довербата на населението кон полицијата постојано паѓала од 2014 година. Така на пример, во 2014 година 54 отсто кажале дека се уверени во работата на полицијата, но таа бројка паднала до 47 отсто лани во јули и 44 отсто сега. Пеесет и пет отсто од испитаниците укажале дека тие немаат доверба во полицијата со третманот на црномурестото население. 

Од друга страна, белите Американци се сѐ повеќе партиски поделени во нивните ставови за расата и полициската служба. Од белите демократи и демократските независни гласачи, 87 отсто сметаат дека црномурестите не се еднакво третирани во кривичниот законик на САД во споредба со останатите. Исто пак го сметаат само 36 отсто од белите републиканците, и независните со републикански ставови, се дознава од анкетата.  

Во однос на напорите на претседателот Џо Бајден да се создаде комисија за изучување на ударот на ропството и расната дискриминација врз Афроамерикацните и да одлучи дали треба да се платат репарации на потомците на поробените луѓе, анкетата укажува дека 65 проценти од Американците се против владини или федерални исплати за луѓето чии претци настрадале од ропството во Америка, додека 28 отсто поддржуваат такви исплати.  

Две третини од Афроамериканците пак поддржуваат репарации, додека за тоа се една третина од Јужноамериканците, и само двајца од 10 бели Американци. Од партиска гледна точка, 46 отсто од демократите поддржуваат такви репарации, 26 проценти од независните и само 5 проценти од републиканците. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот