Анкета: Ако навистина направиле злосторства би ги осудил по 600 години

Судењето на лидерите на ОВК веќе со денови е главна тема во Косово, а предизвика и заострена реторика во регионот.

Бура од реакции по изјавата на Вучиќ: Двојниот живот на Србија во меѓународните односи е вистинска закана за регионалната стабилност

 

Екипата на Слободен печат беше во Косово за да видиме што мислат граѓаните за судот чиј легитимитет го изгласаа косовските пратеници и беше формиран во 2016 година со мандат да ги расветли злосторствата извршени за време и веднаш по војната во Косово. Ги прашавме и дали навистина лидерите на ОВК се виновни за злосторствата за кои се обвинети.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи поднесе оставка и на 9 ноември заедно со поранешниот спикер на косовското собрание Јакуп Красниќи се појавија пред Специјалниот суд со седиште во Хаг. Во следните два дена пред судот се најдоа и Кадри Весели и Реџеп Селими. Сите се изјаснија за невини по сите точки во обвинението за воени злосторства, убиства, присилно исчезнување, прогонства и тортура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот