Англиски клуб исфрлен од ФА Купот со одлука на Сојузот

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Англискиот третолигаш Барнсли е исфрлен од ФА Купот поради неправилности во регистрацијата на еден играч кој настапи во првото коло против Хоршам.

На тој натпревар кој Барсли го доби со 3:0 настапил играч кој воопшто не бил регистриран, потврди ФА.

„Сакаме да им се извиниме на нашите навивачи, играчи и сите во клубот поради оваа грешка“, објави членот на Лига 1 (трето по ранг натпреварување во Англија).

Ниту ФА, ниту Барнсли не го објавија идентитетот на фудбалерот поради кој клубот доби казна. Од друга страна ваквата одлука со воодушевување беше дочекана во седмолигашот Хоршам кој само вторпат во својата историја ќе игра во второто коло од ФА Купот, а противник ќе му биде четвртолигашот Сутон Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот