УКИМ / Фото: Слободен печат - Слободан Ѓуриќ

Ангела Василевска е новата претседателка на УСС УКИМ

Ангела Василевска е новата претседателка на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Таа беше избрана вчера, на втората седница на УСС УКИМ.

Василевска е студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета година на студискиот смер Примена на информациски технологии.

Мандатот на новоизбраната претседателка, заедно со мандатот на новиот состав на делегати, официјално започнува на 1 ноември.

Василевска ќе го замени досегашниот претседател Александар Николовски, кој на чело на Собранието беше две години.

„Упатуваме искрени честитки до претседателката и до новиот состав, со желби за успешно реализирање на програмата која најавува бројни можности и активности во интерес на студентите на УКИМ“, се наведува во соопштението од Универзитетското студентско собрание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот