Анекс на Договорот со „ТАВ Македонија“: Се активираат 35 милиони евра за 99 проекти во 75 општини

Аеродром СкопјеФото: Слободен печат/Драган Митрески

Владата на вечерашната седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен меѓу Република Северна Македонија и „ТАВ Македонија ДООЕЛ“.

– Со Анексот на Договорот практично се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти во 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и во Охрид, соопшти владината прес-служба.

Како што информираа од Владата претходно, со пренамената се обезбедени 35 милиони евра за 99-те проекти во општините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот