Андревски: Долгорочно е многу тешко да се убедат луѓето дека нешто не е точно кога стигнува нешто од официјализиран медиум
„Стратезите на пропагандните активности и проекти ги предвидуваат можностите определен број на медиуми да бидат формално забранети, да не бидат влијателни, но ги предвидуваат и можностите како тие содржини што треба да се пласираат, да им бараат и да наоѓаат место во јавниот простор на други начини. Потегот на забрана е еден од можните потези. Долгорочно е многу тешко да се убедат луѓето дека нешто не е точно кога стигнува нешто од некој медиум што е официјализиран, има право врз основа на закон“, рече професор доктор Живко Андревски, комуниколог, во утринската програма на „Слободен печат“ на Слободна ТВ.
Препорачано
Тој како пример посочи дека во нашата држава последниве година дена хит тема се пензиите. Во однос на ова прашање, тој додаде дека има колешка професорка што предава социјално право, но ниту еден медиум не ја поканил да го објасни феноменот на пензиите од научен, правен стручен аспект.
„Медиумите одат по полесна линија. Единствен текст кој повика на аналитичност е на нашиот колега Бране Стефановски, според кого на пензија се мисли од првиот работен ден, не кога ќе стигнеш на крајот“, заклучи Андревски.
Целото интервју погледнете го во продолжение:


