Андоновски: Тоа што ДУИ стана зелена партија е зрак надеж, зелените партии се предводници за промени, особено за ЛГБТИ луѓето

Во вечерашната дебата на „360 степени“, активистот за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата, Кочо Андоновски вели дека во собранието веќе функционира група од 14 пратеници кои се залагаат за унапредувањето на правата на ЛГБТИ заедницата, но во неа нема ниту еден претставник од албанските парламентарни партии.

Според Андоновски, не станува збор за тоа дека албанската заедница е позатворена или се базира повеќе на традиционални вредности, туку отсуствува политичко лидерство во албанските партии.

– Политичарите треба да предводат, а не само да следат во општествените прилики. Мислам дека отсуствува лидерство во албанските политички партии. Но, можеби сега е зрак на надеж ребрендирањето на ДУИ во зелена партија, бидејќи секаде во светот зелените партии се предводници на прогресивните политики, застапници на прогресот што треба да се случи во едно општество, особено за ЛГБТИ луѓето, рече Андоновски.

Тој посочи дека борбата на ЛГБТИ заедницата е всушност добра порака за сите останати други групи и луѓе кои се борат за некакви права.

– Оваа борба на ЛБГТИ праќа една добра порака до сите останатие луѓе, дека сепак промената е можна. Има промени и напредок во односно на ЛГБТИ, иако не со динамиката која ја посакуваме, но сепак има, вели Андоновски.

Активистот се наврати во минатото пред 16 години кога за првпат јавно на телевизија излезе и зборуваше за својата сексуална ориентација, период кога луѓето околу него му велеле дека нема да преживее ниту две недели.

– Тогаш мене ми велеа луѓе дека по излегувањето јавно нема да преживеам ниту две недели, а сега после 16 години, не само што сум жив и здрав туку имаме и движење кое преку Националната мрежа поттикнуваме промена и на правниот статус, но со Парадата ние го менуваме и социјалниот статус на нашата заедница, вели Андоновски.

Животната приказна на Алекс Ристовски, трансродов маж од Скопје: Не се гласни тие од Парадата на гордоста, туку сите останати кои дофрлаат секакви коментари

ВИДЕО | Гарванлиев: Парадата на гордоста е марш и можност да ги запознаеме луѓето за сè што се случува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот