Марија Андоновска/ Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Андоновска: Во ИЈЗ секој тргнувал само од личниот интерес

Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директорка на Институтот на јавно здравје, вечерва на партиска трибина рече дека нејзината партија „наследила распаднати институции“ каде што „воопшто не се размислувало за услугите и грижа за граѓаните“. Таа додаде дека конкретно во Институтот, ниту една работа не била водена согласно законските прописи.

„Мораме да ги поставувавме темелите повторно, и нема да се откажеме и сме силно мотивирани да го направиме тоа. Најдовме распаднати институции, каде што воопшто не се размислувало ниту за услугите, ниту за институциите, а најмалку за граѓаните. Секој тргнувал само од личниот интерес, ниту една работа што ја затекнав во Институтот не беше водена согласно законски прописи, се беше спротивно на законот“, вели Андоновска.

Таа вели дека со преземањето на Институтот, затекнале опрема којашто била купена скапо, но не се употребувала повеќе години. Андоновска информираше дека опремата сега е ставена во употреба.

„Затекнавме опрема којашто е купена многу скапо и може да биде многу од корист на граѓаните, но е вон употреба повеќе години. Ја ставивме таа опрема во употреба и направивме се за таа да може да профункционира, повторно да можат граѓаните да се обратат во државните институции, наместо да идат само во приватните и да имаат дополнителни трошоци. Воведовме втора смена и сме единствената микробиолошка лабораторија којашто можат граѓаните да ја посетат и по работното време“, заклучува Андоновска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот