Анастасија Ражнатовиќ по два месеци изолација се пофали со новиот изглед! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Анастасија Ражнатовиќ после два месеци објави фотограија на која веќе не е во потполно природно издание.

Ќерката на фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ изолацијата најчесто ја поминува во Нови Сад кај момчето Ѓорѓе, а изминатите денови беше ненашминкана на објавите на социјалните мрежи, каде секојдневно е активна.

Иако не се грижела за шминката, сега одлучила да се „сети“ како изгледа нејзиното лице кога е разубавено.

– Кога ќе се нашминкаш после два месеци – напишала Анастасија и објавила селфи со широка насмевка.

Се чини дека на младата пејачка и недостигало шминкањето, па поради тоа се израдува на оваа промена, а исто и нејзините фанови. Иако таа има блага, дневна шминка за лице, разликата и тоа како е забележителна.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот