Ормуски теснец EPA-EFE/ALI HAIDER

Анализа на „Вест Поинт“ – блокадата на Ормускиот Теснец е парализирачки проблем во реално време

Затворањето на Ормускиот Теснец претставува „парализирачки проблем во реално време“ за какво било потенцијално зголемување на производството во американската одбранбена индустриска база, па дури и за поправка на воена опрема оштетена од иранските напади, предупредува анализата објавена од „Институтот за модерна војна“, од „Вест Поинт“, најпрестижната американска воена академија,објави „Гардијан“.

Поточно, сулфурот, клучна суровина во почетната фаза на експлоатација на критични минерали, вклучувајќи бакар и кобалт, доживеа „речиси целосно“ нарушување на поморската трговија преку теснецот, што сочинува половина од вкупните светски пратки, а цените скокнаа за речиси 25 проценти од почетокот на војната и се зголемени за 165 проценти на годишно ниво, според извештајот.

Според анализата, овие минерали, кои се користат во сè, од микропроцесори до млазни мотори до батерии за беспилотни летала, „одредуваат колку брзо можат да се направат работите и да се зголеми производството под притисок на тековната војна“, а ефектите од ненадеен шок во снабдувањето врз подготвеноста на американската одбрана никогаш не биле моделирани.

Еден од авторите на таа анализа, Јахара Матишек, потполковник на воздухопловните сили на САД и нерезидентен соработник на Американскиот поморски воен колеџ, изјави дека ова е „верижен проблем“ што ја отвора можноста дека „последичниот ефект од оваа војна ќе биде дека замената на целото ова оружје може да чини двојно или повеќе од двојно, бидејќи побарувачката за минерали нагло ќе се зголеми“. Матишек, исто така, предупреди на друга можност:

„Пазарите нема да можат да обезбедат количини на минерали потребни за замена на сите овие радари што се уништени и целата муниција што треба да се замени. Во моментов сме во навистина несигурна ситуација.“

Сулфурот што се користи во индустријата и земјоделството главно се произведува како нуспроизвод од преработката на сурова нафта. Блискиот Исток произведува околу 24 проценти од светската понуда, а околу половина од светската поморска трговија со оваа супстанца поминува низ Ормускиот Теснец.

Сулфурот е суровина во производството на вештачки ѓубрива, а меѓународните организации, индустриските здруженија и медиумските извештаи укажуваат на можни последици по земјоделството и снабдувањето со храна, особено во земјите со ниски приходи чии земјоделци мора да купуваат од истите пазари како и нивните колеги во богатите земји.

Но, сулфурот се согорува и за да се произведе сулфурна киселина, најпроизведуваната индустриска хемикалија во светот, која се користи за екстракција на бакар и кобалт од руди со низок квалитет.

Трамп за Ормускиот теснец: Во одреден момент, тој ќе се отвори сам од себе

Странски бродови можат да минуваат низ Ормускиот теснец со одобрение од Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот