АНАЛИЗА: Како Иран ја надмудри Америка и го прочита „непредвидливиот“ Трамп

Фото: Профимедиа

Дури и површниот поглед на меѓународните односи покажува дека ова не е време во кое избиваат војни, оние традиционалните кои денес експертите сакаат да ги нарекуваат кинетички. Затоа траат оние трговските, војните со сакнции, војните со зборови, сајбер-војните, хибридните војни и слично. Но, мала е веројатноста дека некој би се осмелил да започне и предизвика војна што ќе предизвика глобални последици, објави српски „Блиц“.

– Доколку истрагата покаже дека минатонеделниот напад на саудиските нафтени постројки дојде од Иран, Кралството Саудиска Арабија ќе го смета за воен чин, но Ријад се движи во насока на мирно решение – рече во недела официјално лице од Саудиска Арабија.

Пентагон соопшти дека ќе испрати умерена бројка на војници во Саудиска Арабија, а природата на нивното делување примарно ќе биде од одбранбен карактер. Белата куќа ја напушти воинствениот Џон Болтон, повеќе нема навестувања на војна. И третата вест: иранскиот претседател Хасан Рохан оваа недела ќе го претстави на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк планот за создавање на сигурно опркужување во Персискиот Залив во соработка со другите земји во регионот, пишува „Еуроактив“.

Иран повторно направи чекор повеќе и најави иницијатива која би можела да донесе стабилност во Заливот. Вреди да се спомене дека Русија пред неколку месеци исто така ја нудеше идеја за нови безбедносни архитектури во регионот, но немаше адекватен одговор. Конечно, токму Доналд Трамп понуди создавање на регионална безбедносна заедница – планот веднаш го доби името „Арапско НАТО“. Проблемот се состоеше во тоа што американскиот предлог одеше во насока на формирање на коалиција која би го воздржувала Иран.

Според познавачите на состојбите, на такви темели тешко се гради безбедносна архитектура, особено кога меѓу членовите на групацијата нема консензус. Имено, Советот за соработка на земјите во Персискиот Залив е основан во 1981 година, набрзо по Исламската револуција во Иран, и тоа со јасна цел: собирање на помалите земји во Заливот под заштита на Саудиска Арабија и потоа САД, за тие да бидат заштитени од негативното иранско влијание. Меѓутоа, овој сојуз буквално се распадна пред две години кога Саудиска Арабија започна изолација на Катар, кој не давал свој придонес. Тогаш пропадна „арапското НАТО“.

– Иран на тој начин оствари тактичка предност пред Ријад и Вашингтон. Уште никој не докажа дека нападот е изведен од иранска територија, а Техеран тврди дека е подготвен за разговори за безбедноста. Стратешки императив на Исламската Република е да се осигури во регионална надмоќ и во тоа постигна значајни успеси: го контролира Либан преку Хезболах, има продолжена рака на границата на Израел преку палестинскиот Хамас, во рака го држи сирискиот претседател Башар ал-Асад преку шиитските милиции од кои многу се претворија во политички партии, ја контролира политиката во Ирак, во Бахреин и Саудиска Арабија има моќно оружје – шиитските групи – а во Јемен преку Хутите го растури воениот поход на Саудиска Арабија – пишува „Блиц“.

Во Јемен се одвива значително важен процес: силите кои ќе го контролираат пристаништето Ходеида, ќе имаат контрола врз теснецот Баб ел-Мандеб. Ако тоа се Хутите, Иран ќе биде единствена земја која контролира две од три најважни локации за транспорт на светска нафта: Ормутскитот Теснец и Баб ел-Мандеб (третиот е Малајскиот Теснец).

Иранската стратешка цел сега претставува укинување на сакнциите и тоа е единствена точка за која во потполност се согласуваат врховниот верски лидер Али Хамнеи и претседателот Хасан Рохани, кои се сметаат за симболи на радикалните конзевративци и струјата која е подготвена на промена.

– Тогаш се покажа дека реториката на Трамп е обратнопропорционална од неговата стратешка одлучност. Иранците го прочитаа американскиот лидер кој се фалеше дека е непредвидлив. А навистина тој е многу непредвидлив. Тој не сака нова војна. Следениот чекор беше низа на позитивни околности кои искусните аналитичари и планери во Техеран не можеа лесно да си дозволат да поминат, а да не ги искористат: саудиската нафтена компанија „Арамко“ најави дека ќе започне процес за излегување на берзата, во Израел се одржуваа нови избори, мировните преговори во Авганистан доживеаа спектакуларен крах поради внатрешните несогласувања на американската администрација, Џон Болтон доби отказ, саудискиот крал на својот втор син му даде да биде министер за нафта, а Франција ги спрегна сите сили на дипломатски пат да му овозможи на Иран да се врати на светскиот пазар – анализираат од „Блиц“.

Ударот на нафтените постројки во Саудиска Арабија е директна последица на сѐ што е претходно наведено. И потврда дека Техеран е подготвен својата „максимална трпеливост“ да ја донесе на ниво на „максимална ескалација“.

Соединетите Американски Држави се во пат-позиција, а јасно им е дека дипломатски не можат да постигнат речиси ништо. Воената опција е преопасна бидејќи Иран би се осветувал на американските интереси на Средниот Исток во кои спаѓаат Сирија, Либан, Јордан, Саудиска Арабија, Ирак, Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот