Аналитичарите за исчезнувањето на Ким Џонг-ун: Нешто се случува, ова не е нормална состојба
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун многу ретко се појавуваше во јавноста во минатите два месеци, а во последните три недели државните медиуми воопшто не известувале за неговото присуство на јавни настани, укажуваат аналитичарите.
Ова невообичаено отсуство од јавниот живот на севернокорејскиот претседател почна непосредно по воведувањето на вонредни мерки заради пандемијата на коронавирусот, иако Пјонгјанг тврди дека во Северна Кореја нема заболени од Ковид-19.
– Ова не е нормална состојба, оцени Чад Окерол, шефот на организација која ја набљудува ситуацијата во Северна Кореја.
Јужнокорејските медиуми пишуваат дека претпазливоста заради коронавирусот е една од веројатните причини за ограниченото појавување на Ким во јавноста.
ПРОЧИТАЈТЕ: Сопругата на Ким Џонг Ун е жена без минато: На неа тренира дисциплина, а мора да ги трпи и неговите љубовници (ФОТО) Мистериозниот воз на Ким Џонг-ун: Секогаш се вози со девици и јаде со сребрени стапчиња Ким Џонг-ун и севернокорејската традиција на исчезнување од јавноста Единствено нејзе Ким Џонг Ун ѝ верува: Која е Ким Џо Џонг и дали таа ќе биде следната владетелка на Северна Кореја? Мистеријата за децата на Ким Џонг-ун: Никој не знае колку се, а Денис Родман ги видел и еве што вели за нив