Амстердам ги забрани крстаречките бродови во центарот на градот

Unsplash
Unsplash

Градскиот совет на Амстердам донесе одлука да ги забрани крстаречките бродови во центарот на градот. Се надеваат дека ваквата одлука ќе го ограничи бројот на посетители и ќе го намали загадувањето. Градските власти тврдат дека бродовите за крстарење не се во согласност со одржливите амбиции на градот. Тоа значи дека централното пристаниште за крстарење на реката, кое е блиску до централната станица во Амстердам, ќе се затвори.

Тоа е најновата мерка во борбата против масовниот туризам во градот. Во март, советот започна онлајн кампања со која ги повика младите Британци кои размислуваат да го посетат Амстердам да престанат да доаѓаат.

Бродовите за крстарење станаа симбол на проблемот со прекумерниот туризам, а предлогот за нивно преместување од центарот помина со големо мнозинство. Амстердам стана жртва на сопствената популарност. Околу 20 милиони посетители годишно доаѓаат во градот, а многумина се привлечени од неговата репутација како град за забава.

„Крузерите кои ја загадуваат животната средина не се во согласност со одржливите амбиции на нашиот град“, се вели во соопштението цитирано од новинската агенција АФП, центристичката партија Д66, која раководи со градот заедно со социјалдемократите и еколошките активисти.

Тие додадоа дека минувањето на бродовите за крстарење исто така не е компатибилно со плановите за нов мост помеѓу историскиот јужен кварт на градот и областа Норд, која беше во фокусот на неодамнешните развојни проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот