Фото: EPA-EFE/TIAGO PETINGA

Аморим: Манчестер јунајтед ми постави услов, други клубови ми нудеа трипати повеќе пари

Рубен Аморим на 11 ноември ќе го преземе Манчестер јунајтед, а до тој момент ќе остане на клупата на Спортинг Лисабон.

По вчерашниот натпревар на неговиот тим против Амадора тој ја отвори душата и објасни како се договорил со „црвените ѓаволи“.

Аморим објасни дека се обидел да се договори со Манчестер јунајтед да ги преземе на крајот од сезоната, но тоа не било можно.

„Сигурен сум дека ниту еден навивач на Спортинг не сакаше повеќе од мене да останам до крајот на сезоната, за жал тоа не беше можно. Кога ме контактираа од Манчестер јунајтед ги прашав дали можам да дојдам на крајот од сезоната, но ми беше поставен ултиматум. Одговорот беше: Ќе дојдеш сега или никако поинаку. Морав брзо да одлучам, а бидејќи сакав да одам во јунајтед ја прифатив нивнатап онуда.

Имав бројни понуди во последно време, но најголема желба за мене беше Манчестер јунајтед. Можеби зборуваат дека сум заминал поради пари, но тоа не е вистина. Други клубови ми нудеа трипати поголема плата“, истакна Аморим.

Аморим на клупата на Манчестер јунајтед ќе го наследи Ерик Тен Хаг, а до неговото доаѓање тимот ќе биде предводен од Руд Ван Нистелрој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот