Фото: Американско министерство за финансии

Американските антикорупционери се вратиле во Вашингтон, ќе предложат кој од земјава да влезе на „црната листа“

Американскиот тим за санкции, кој во изминатите денови престојуваше во Македонија за да истражи наводи за корупција кај поранешни и актуелни функционери, по враќањето во Вашингтон ќе му предложи на државниот секретар имиња на личности кои ќе им се придружат на Никола Груевски и Сашо Мијалков на таканаречената „црна листа“ на која се наоѓаат личности на кои поради поврзаност со корупција или кршење на човековите права, им е забранет влезот во САД.

Груевски и Мијалков беа вклучени на „црната листа“ во април годинава.

„Целта на овој механизам на Стејт департментот воспоставен уште во раните 90-ти години е да „именува и засрами” и воедно да ги повика на одговорност оние кои се вклучени во значителна корупција. САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво, велат за порталот „Нова“ од амбасадата на САД во Скопје, по заминувањето на американскиот тим за санкции.

Означувањето, во координација со релевантните институции во Македонија, им дозволува на САД, како што се вели во изјавата, „да промовираат одговорност за сегашните и поранешните владини функционери кои се впуштаат во корупција или вршат кршење и злоупотреби на човековите права и да ги поддржат напорите за попречување или одвраќање на идните злоупотреби”, според членот 7031(Ц) од Законот за доделување на средства на Стејт департментот.

Американски тим за санкции ќе истражува корупција кај функционери во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот