Алис Вајдел и Џеј Ди Венс / фото: EPA-EFE/MICHAEL KAPPELER / RONALD WITTEK

Американскиот потпретседател Венс се сретна со лидерката на АфД, ѝ дал поддршка пред изборите во Германија

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Вeнс, денеска се сретнал со Алис Вајдел, претседателката на германската крајнодесничарска партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), јавија локалните медиуми.

Средбата се одржа во хотел во Минхен, каде што Венс учествува на годишната Минхенска безбедносна конференција.

Претходно, во своето обраќање на конференцијата, Ванс ја критикуваше стратегијата на германските партии кои „се обидуваат да ја изолираат АфД“ и упати остри забелешки за демократските процеси во Европа, што наиде на реакции од европските претставници.

Состанокот меѓу Ванс и Вајдел се случува само една недела пред парламентарните избори во Германија, закажани за 23 февруари.

Америка сака кавга со Европа, но ние не сакаме расправии со пријателите, вели Каја Калас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот