Фон дер Лајен и Калас / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET /

Америка сака кавга со Европа, но ние не сакаме расправии со пријателите, вели Каја Калас

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас изјави дека говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Вeнс на Минхенската безбедносна конференција изгледал како обид за „предизвикување кавга“ со Европа, пренесе „Ројтерс“.

– Слушајќи го неговиот говор, впечатокот е дека САД сакаат кавга со нас, но ние не сакаме расправија со нашите пријатели, изјави Калас.

Поранешната естонска премиерка рече дека сојузниците треба да се фокусираат на поголемите закани, како што е руската агресија врз Украина.

Во својот говор, Венс остро критикуваше неколку европски држави, вклучително и Велика Британија, и изрази загриженост за „отстапувањето на Европа од некои од нејзините најфундаментални вредности“ кои ги споделува со САД.

Тој ја засили својата критика кон европската демократија наведувајќи дека „не секогаш е јасно што се случило со некои од победниците на Студената војна“.

Говорот на Венс и неговото кратко споменување на војната во Украина доаѓаат во време на зголемена загриженост и неизвесност околу надворешната политика на администрацијата на Доналд Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот