Американски психолог советува како правилно да го воспитате своето дете

За правилно да го воспитате своето дете, пробајте ги на дело овие совети од американскиот психолог д-р Кевин Леман, кој тврди дека златната формула се крие во овие десет реченици.

– Бидете секогаш доследни во своето однесување, за детето да знае дека сте сериозни за она што го зборувате или правите.

– Секогаш исполнете го она што сте кажале дека ќе го направите и никогаш не отстапувајте од тоа.

– Наместо да се расфрлате со зборови, затворете ја устата, размислете и одговорете на ситуацијата смирено наместо бурно да реагирате.

– Секогаш избројте до десет кога ќе наидете на проблем и запрашајте се: Што би требало да променам?

– Никогаш не им се заканувајте на децата, бидејќи заканите ретко се спроведуваат, па тие многу и не им веруваат.

– Никогаш не се лутете пред нив, па доколку и ги загубите нервите, извинете му се на детето за евентуално изречените навреди.

– Никогаш не го предупредувајте за се и сешто, бидејќи со тоа однесување детето ќе сфати дека кон него се однесувате како да е неспособно и глупаво и дека се мора да му се нацрта.

– Не ги преземајте неговите проблеми, постојат работи кои мора самостојно да ги направи.

– Немојте да мислите дека лошото однесување ќе исчезне, заборавете на тоа очекување.

– Задржете го ведриот израз на лицето дури и кога сакате да се намуртите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот