Американски пејач осуден на осум години затвор: Под дејство на опијати прегазил маж пред својот дом
Кејлеб Кенеди, кој се појави во 19-та сезона на „Американски идол“, е осуден откако се изјасни за виновен за возење под дејство, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
Кенеди (20) беше уапсен и обвинет за кривично дело „возење под дејство на опијати“ во Јужна Каролина во февруари 2022 година по сообраќајна несреќа што доведе до смрт на 54-годишен маж. Кенеди имал 17 години кога неговиот пикап Форд поминал 175 метри од патот и удрил во гаражата во Спартанбург во која работел Лери Дуан Парис. Жртвата била прогласена за мртва во болница три часа по несреќата.
Кенеди се изјасни за виновен за време на неговото сослушување. Во официјалните документи се влеи дека Кенеди е осуден на 25 години затвор и парична казна од 25.100 долари, која е намалена на осум години и такса од 15.000 долари. Кенеди ќе отслужи три години од казната во домашен притвор. Тој потоа ќе биде на условна казна пет години по неговото ослободување. Од пејачот ќе се бара и советување за ментално здравје и злоупотреба на супстанции.
„Овој случај ја покажува опасноста од ‘вејп’ за општеството“, рекол адвокатот Бери Џеј Барнет, кој го гони Кенеди.
Тамошните медиуми објавија дека одбраната на Кенеди изјавила дека неговата доза на Прозак била зголемена непосредно пред несреќата. Исто така, дека тој возел под дејство на марихуана откако користел „вејп“. Во потерниците, наводно, пишувало дека ѕвездата на музичкото шоу била на пат кон куќата на неговата девојка во моментот на несреќата и дека Парис зборувал на телефон.


