
Американската скијачка Бризи Џонсон приреди сензација на Светското првенство
Американката Бризи Џонсон направи сензација на Светското првенство во алпско скијање во Залбах, Австрија, со победата во спустот во саботата, додека среброто го освои Австријката Мирјам Пучнер, а бронзата заврши во рацете на Чехинката Естер Ледеки.
Препорачано
Џонсон која стартуваше прва, славеше со време 1:41:29, Пучнер беше втора со 15 стотинки заостанување, а Ледеки 21 стотинка послабо.
За 29-годишната Џонсон, која беше суспендирана на 14 месеци во 2023 година поради прекршување на антидопинг правилата, ова е најдобриот резултат досега на големо натпреварување, светско првенство или Олимписки игри.
Досега нејзиниот најдобар резултат беше седмото место во спуст на Олимписките игри 2018 во Пјонгчанг (Јужна Кореја).
Таа имаше седум пласмани на подиумот на Светскиот куп, последен во 2021 година, но ниту една победа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
49мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5