Американската морнарица заплени брод кој шверцувал оружје од Иран во Јемен

Американска морнарица/ Фото US Navy

Американската морнарица соопшти дека запленила рибарски брод кој шверцувал големо количество оружје и муниција од Иран во Јемен.

Американски патролни чамци открија оружје на бродот што морнарицата го започна како дел од операцијата во понеделникот во северниот дел на Арапското Море, пренесува АП.

Маринците на бродот откриле 1.400 пушки и 226.000 парчиња муниција, а екипажот бил составен од пет јеменски државјани.

Во соопштението, американската Петта флота го обвини Иран дека испраќа оружје по рута што отсекогаш се користела за „криумчарење оружје на Хутите во Јемен“.

„Директната или индиректната испорака, продажба или пренос на оружје на Хутите ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на ОН и американските санкции“, се додава.

Запленетото оружје со американски патролни чамци било префрлено на американскиот ракетен разурнувач О’Кејн. Јеменскиот екипаж бил вратен во Јемен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот