Американска компанија го отстранува ликот на Афроамериканка од својот производ, нејзиното семејство се противи

Компанијата „Quaker Oats“ најави дека сирупот за палачинки кој го произведува ќе добие ново име и имиџ, бидејќи признава дека „потеклото на името се темели на расни стереотипи“.

Семејството на жената од Тексас чиј лик ја претставува тетка Џемима на истоимениот сируп за палачинки, го замоли производителот повторно да размисли за својата неодамнешна одлука за укинување на нејзиниот портрет од својот производ.

Компанијата до оваа одлука дошла по антирасистичките протести ширум САД и во другите големи градови во светот, кои беа предизвикани од полициското насилство и убиство на невооружениот маж со црна боја на кожа Џорџ Флојд.

Брендот тетка Џемима, кој се продава изминативе 130 години, ја прикажува афроамериканката тетка Џемима, која првично била облечена како забавувач.

– Свесни сме дека потеклото на тетка Џемима е втемелено врз расни стереотипи, изјави Кристин Крепфл, потпретседател и маркетиншки директор на оваа компанија.

– Додека работиме на расна еднаквост низ неколку иницијативи, мора и строго да ги прегледаме нашите сопствени брендови и да се осигуриме дека ги одржуваат нашите вредности и ги исполнуваат очекувањата на нашите потрошувачи, додава Крепфл.

Меѓутоа, Вера Херис изјавила дека нејзиното семејство од секогаш се гордееле на фактот дека компанијата во 1925 година употребила портрет од нејзината роднина Лилијан Ричард како претставник на споменатиот производ.

– Раа во својот роден град беше сметана за херој и се гордееме на тоа. Не сакаме историјата да биде избришана, додала Херис и објанила дека Ричард работела во компанијата 23 години и патувала низ земјата како тетка Џемима за да го претставува производот се додека не доживеала мозочен удар.

– Таа живееше од таа работа долго време од својот работен век, и го обиколи Тексас, додала Херис, објаснувајќи дека во тоа време немало голема понуда за работа, особено за жените со „црна кожа“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот