Американецот Олуџоби го засили МЗТ Скопје Аеродром
Македонските кошаркарски шампион ангажираа нов центар за вториот дел од сезоната, новиот играч доаѓа од литванската екипа на Лиеткабелис.
Најавените подобрување во играчкиот ростер на МЗТ Скопје Аеродром за вториот дел од сезоната почнаа со денешното потпишување договор со Американецот Феми Олуџоби (23 год., 206 см), кој се обврза на верност до крајот на сезоната.
Препорачано
Станува збор за крилен центар, чија главна карактеристика е брзината и скочноста и кој се очекува да донесе стабилност во играта под кошевите на македонскиот кошаркарски шампион.
Тој доаѓа од Литванија, каде што настапуваше за екипата на Лиеткабелис, во која извесен период беше соиграч на поранешниот член на „металците“, Стефан Синовец.
За Олуџоби ова е прва сезона како професионалец, откако мина четири во американската НЦАА-лига настапувајќи за Оукленд, АиТ универзитетот од Северна Каролина и за универзитетот Депол. Во последните две екипи настапи по една година и тоа со просек од 16,3 поени и 7,7 скока односно со 12,8 поени и 5,4 скока.
Новиот Американец ќе има доволно време за аклиматизација со оглед што следниот натпревар го играме дури на 27 февруари и тоа дома против Динамик. Дотогаш ќе се случат и најавените заминувања од сегашниот интернационален дел од тимот, кои денеска ги најави со извршниот директор на клубот, Тони Грнчаров.


