Американецот Доналдсон е новиот плејмејкер на КК Пелистер

Донован Доналдсон до крајот на сезоната во КК Пелистер/фото: facebook.com/kkpelisterbitola

Кошаркарскиот клуб Пелистер ја информираше јавноста дека нов плејмејкер на екипата е Донован Доналдсон. Американецот со македонскиот вицешампион потпиша договор кој ќе трае до крајот на натпреварувачката сезона.

Играше за ТФТ во квалификациите за Лигата на шампионите на ФИБА во Скопје, по што дојде до разделба и преселба во Битола. Претходно ги бранеше и боите на КК Гостивар, а минатата сезона го носеше дресот на Франкфурт (Германија) и ПВСК од Романија.

Новото засилување в сабота ќе го одржи првиот тренинг со своите нови соиграчи, а првиот контролен натпревар со екипата ќе го одигра следната недела.

Веќе е најавен првиот контролен меч на КК Пелистер на домашен терен, в понеделник од 19.00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе тестира против новиот прволигаш Чаир. Влезот е слободен за сите љубители на кошарката.

Претходно КК Пелистер настапи на турнирот „Георги Христов“ во Ботевград (Бугарија) каде го освои второто место. Претходно славеше над актуелниот бугарски шампион Балкан (76:71), а во финалето загуби од Спартак Плевен со 89:94.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот