Американец паднал во кратерот на вулканот Везув правејќи селфи

Вулканот Везув/ Фото Vincenzo Izzo / ddp USA / Profimedia

Американски турист се здобил со полесни повреди откако паднал во кратерот на активниот вулкан Везув, пишува „Гардијан“.

23-годишниот Американец и неговото семејство се искачиле на врвот на вулканот, кој се наоѓа во близина на Неапол.

Момчето се обидело да се фотографира, но одеднаш телефонот му се лизнал од раката и паднал во кратерот. Тој потоа решил да си го земе телефонот, по што се лизнал и паднал неколку метри во внатрешноста на кратерот.

Неколкумина од туристичките водичи веднаш се јавиле во полиција, а бил испратен и спасувачки хеликоптер, со кој било извадено момчето.

Младиот Американец има неколку модринки и гребнатини на раката и грбот.

Семејството сега се соочува со казни од полицијата, бидејќи стапнале на територија забранета за посетители. Тие наводно влегле на турата без карти и се движеле по недозволена патека, која била забранета поради голема опасност.

Вулканот Везув, кој ги уништил римските градови Помпеја и Херкуланеум кога еруптирал пред речиси 2.000 години., се смета за еден од најопасните вулкани во светот.

Најопасните селфи локации во светот: 300 луѓе ги загубија животите на овие места

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот