Американец фрлил бомба кон Сатански храм во Масачусетс

Сатански храм во САД / Фото: Joseph Prezioso / AFP / Profimedia

Американските власти вчера уапсија маж од Оклахома поради фрлање експлозивна направа кон седиштето на Сатанскиот храм во Масачусетс. Чудно именуваната организација со седиште во Салем на својата веб-страница вели дека се залага за секуларизмот и индивидуалните слободи и дека нејзините членови всушност не го обожаваат сатаната.

Шон Патрик Палмер (49) е обвинет дека ја оштетил зградата на храмот со експлозивна направа. Тој денеска треба да се појави пред судот во Оклахома. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 20 години и парична казна до 250.000 долари, пишува АП.

Надзорните снимки покажуваат како Палмер се приближува до Сатанскиот храм околу 4 часот наутро на 8 април. Го покрил лицето и носел војнички елек. Потоа запалил подметната експлозивна направа, ја фрлил на главниот влез и побегнал. Бомбата делумно се активирала, предизвикувајќи мал пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот