Амбасада на САД / Фото: Слободен печат

Америка го запира издавањето имигрантски визи за македонските граѓани

Американските власти привремено го запираат издавањето имигрантски визи за државјаните на 75 земји, меѓу кои е и Македонија.

Стејт департментот соопшти дека издавањето на иселеничките визи за овие држави ќе биде запрено почнувајќи од 21 јануари, како дел од пошироката ревизија на процедурите поврзани со проценката на тоа дали апликантите би можеле да станат товар на американскиот систем на државна помош, јави „Ројтерс“.

Другите типови, како туристичките или бизнис-визите, не се засегнати од одлуката и ќе продолжат да се издаваат.

Мерката е наведена во интерен документ од Стејт департментот до конзуларните оддели, а според извештаите, паузата ќе важи на неопределено време, сè додека не заврши преоценката на начинот на проверка и одлучување. Исклучоците, според истите наводи, би биле „многу ограничени“. Американското министерство за внатрешни работи потоа ова го објави и на „Икс“.

Во објавениот список на засегнати земји е вклучена и, како што пишува, „Македонија“ (Macedonia), заедно со десетици држави од Европа, Азија, Африка и Латинска Америка. Mеѓу нив се и некои големи држави, како: Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Нигерија и други.

Засега нема детално појаснување за тоа како паузата ќе се одрази на различните категории визи и на веќе започнатите постапки, но се очекува дополнителни насоки да бидат соопштени преку дипломатско-конзуларните претставништва и официјалните канали на Стејт департментот.

Муцунски и Агелер се збогуваа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот