Амбасадата на Германија донираше амбулантско возило за Здравствениот Дом во Гостивар

Инфективна клиника /Фото: ЕPA

Амбасадата на Сојузна Република Германија предаде донација за Здравствениот Дом во Гостивар во вид на амбулантско возило за потребите на граѓаните од градот и околината.

„Последните статистики за ковид во земјата не се охрабрувачки. Но се надевам дека ова медицинско возило доаѓа во вистинско време кога е потребна помош. Овде во регионот на Западен Балкан имаме партнери кои при борбата со пандемијата можат да се потпрат на нас. Германија до сега го поддржа регионот со 15 милиони евра. Освен тоа Eвропската Унија помага со 3,3 милијарди евра, во кои Германија учествува со скоро една третина“, рече амбасадорката Анке Холштајн.

Оваа донација e по иницијатива на Сојузната Влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија, за помош на државите од Западен Балкан при пандемијата од ковид-19. Со оглед на актуелните состојби главен акцент на германското претседателство е справување со пандемијата и нејзините последици.

Вкупната вредност на оваа донација е 38.000 евра, а се имплементираше преку Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Амбасадата му благодари на „Европскиот Центар за развој, толеранција и соработка“ од Гостивар за успешната имплементација на овој проект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот