Амбасада на САД: Време е да се фокусирате на борбата со корупцијата – клучен фокус на нашето стратешко партнерство

Американската амбасада го поздрави усвојувањето на Националната антикорупска стратегија 2021-2025 од страна на Собранието.

-Време е да се фокусирате на имплементација на стратегијата и важната работа која престои во борба со корупцијата – клучен фокус на нашето стратешко партнерство, стои во објавата на Амбасадата на САД во Скопје на нивниот Твитер налог.

Парламентарното мнозинство во Собранието вчера, во рамките на 32. седница ја усвои Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година, што претставува важен документ во борбата против високата корупција.

ВМРО-ДПМНЕ вчера не гласаше за овој важен и стратешки документ за борба против корупцијата во наредниот период.

Вицепремиерот Љупчо Николовски вчера во интервју за Сител зборуваше за решителноста на владата да се справи со корупцијата и криминалот дури и во своите редови што не беше случај со претходната владејачка гарнитура. Тоа го покажува случајот со поранешниот генерален секретар на Влада Драги Рашковски кој за набавка на софтвер под сомнителни околности во моментов е во домашен притвор и против него се води кривична постапка.

-Помина времето кога инситуциите не можеа ни имиња да спомнат на функционер, а не да влезат во други институции и да истражуваат. Непоколеблива е борбата против корупцијата и криминалот, и тоа е очигледно, почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Ова со Рашковски потврдува дека нема недопирливи, институциите се последни, тие ќе кажат, ние во ниту еден момент не можеме да се мешаме во нивата работа. Затоа бараме и овој и кој било друг случај да се расчисти. Сите документи се доставени до истражните органи, и во фер и коректна постапка да се открие што се случило дали има вина или нема. Но, гледаме дека постојано се отвораат постапки, слободата која ја имаме не дозволува да се сокриваат предмети, нема селективност во тој дел. Институциите да бидат охрабрени, кои претходно беа покриени од режимот, кога еден човек беше и полицаец и обвинител и судија и тогаш видовме каква борба имаше против корупцијата, тогаш ВМРО ДПМНЕ не покренуваше постапки за своите, но сега, кога ги отворивме институциите, секој случај може да се реши до крај.“- изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот