Амазон вработува 75 илјади работници
Интернет тргувањето бележи силен раст на побарувачката и се соочува со проблем околу запазувањето на роковите како и надополнување на залихите.
Компанијата за малопродажба на интернет, Амазон, има намера да вработи речиси 80 илјади работници со цел да ја задоволи побарувачката која енормно се зголеми откако е во прекин физичката продажба поради мерките за сузбивање на пандемијата.
Препорачано
Амазон во март вработи 100 илјади работници во САД, а според новото соопштение има намера да вработи дополнителни 75 илјади.
Од компанијата тврдат дека периодов им ги покачиле платите на работниците во САД и дека работат на мерки за заштита по извештаите за зголемениот број на заразено на одделни локации.
Интернет тргувањето бележи силен раст на побарувачката и се соочува со проблем околу запазувањето на роковите како и надополнување на залихите.
Американските власти меѓуврене наложија приоритетна испорака на основните потреби за домот.
Амазон воедно ја запре продажбата на одредени медицински и санитарни производи, пренаменувајќи ги за потребите на болниците.
Веста за вработувањето во Амазон доаѓа паралелно со големиот скок на невработеноста во земјата. Од средината на март 16 милиони американци побараа помош од државата поради губење на работното место.


