Алкохол јунајтед, идеален тим на фудбалери-пијаници

Интернет сајтот „Lord of the drinks“ објави тим од 11 најпознати фудбалери кои си ги уништија животите поради алкохолот.

Според сајтот, тие имаа буквално се, талент, здравје, популарност, слава, пари, но сето тоа го упропастија поради алкохолот.

Прв на листата на дрим тимот од фудбалери пијаници е легендарниот бразилски фудбалер, Гаринча, кој два пати триумфира на Светските првенства заедно со Пеле.

принтскрин јутјуб

Гаринча е најзаслужен што Бразил на Мундијалот 1962 година во Чиле ја освои титулата откако во текот на првенството се повреди Пеле.
Целосното име му гласи Мануел Франциско дос Сантос Гаринча, беше татко на дури 14 деца. Гаринча почина во 1983 година како бездомник.

На второто место се наоѓа според многумина најдобриот фудбалер во Велика Британија, Џорџ Бест.Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед беше вистински волшебник со топката, но за негова жал имаше една поголема љубов од фудбалот, пабовите.

twitter/Football Memories

Многу пари потрошив на пијалоци, жени и брзи автомобили. Остатокот од парите ги спискав – е легендарната изјава на Бест кој почина во 2005 година.

Ваква листа е неизбежна без Пол Гаскоњ кој е далеку попознат за помладите генерации. Станува збор за најталентираниот фудбалер во 1980-тите и 1990-тите години кој не успеа да го победи најголемиот порок, алкохолот.

 

инстаграм

Го обожував тоа момче, беше гениј, уметник, но навистина е штета што својата убавина ја уништи со алкохолот – се зборовите на Дино Ѕоф кој го тренираше Гаскоњ во Лацио.
Постојани проблеми со алкохолот го донесоа до банкрот, а неодамна и се обиде да се самоубие.

Една од најголемите легенди на Барселона, Ласло Кубала е дел од оваа листа. Фудбалерот кој наместо во Реал Мадрид заврши во Барселона, беше толку добар што управата мораше да го изгради „Камп Ноу“ за да може што повеќе навивачи да ги следат неговите фудбалски мајстории.

twitter/thesefootballtimes

Тие што го познавале Кубала раскажувале дека тој подеднакво добро „жолнглирал“ и со топката и со шишето.

Иако Диего Марадона е попознат по неговата слабост-кокаинот, сепак ниту алкохолот не му е непознат.

Вообичаено кога се споменуваат фудбалери кои се љубители на чашката, тука е поранешниот капитен на Арсенал, Тони Адамс.

twitter/Arsenal players

Веднаш зад него е интелектуелецот во копачките, славниот доктор Сократес кој токму поради алкохолот и почина во 2011 година.

инстаграм

По Сократес следува уште еден Англичанец, Џими Гривс по што доаѓа еден од фудбалерите кои имаа најголем талент, но отидоа во погрешен правец.

twitter/The Spurs Web

Многумина сметаа дека Бразилецот Адријано беше поталентиран фудбалер од Роналдо но не успеа да победи во битката против алкохолот и кокаинот.

На листата се најде и големата надеж на украинскиот фудбал, Артем Милевски кој поради алкохолот ја уништи кариерата.

инстаграм

Дрим тимот на фудбалери алкохоличари го затвора поранешниот руски репрезентативец, Роман Широков.

twitter/UEFA EURO 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот