Алкараз и Синер се најголемата закана за Ѓоковиќ за врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 417 недела на врвот на АТП-листата, со што продолжи да го зголемува сопствениот рекорд. И покрај поразот во третото коло на турнирот во Индијан Велс, Ѓоковиќ го задржа првото место на листата и сега има 920 бода повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз, шампион на првиот Мастерс во сезоната.

Ѓоковиќ има 9,725 поени и сигурно ќе биде прв до крајот на Мастерсот во Монте Карло кој завршува на 14 април. Тоа значи дека Србинот сигурно ќе запише 420 недели на врвот на листата на најдобри тенисери. Монте Карло и сезоната на земјена подлога во голема мера ќе одредат колку време Ѓоковиќ ќе остане на врвот на АТП листата.

фото: EPA-EFE/RAY ACEVEDO

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами, а бидејќи не играше ниту лани, ќе остане на ист број бодови. Алкараз лани во Мајами заработи 360 поени, па може да заработи максимални 640 поени доколку го освои овој турнир. Во тој случај, Шпанецот ќе стигне до само 280 бода пред Монте Карло и почетокот на сезоната на земјена подлога.

Јаник Синер, третопласиран на АТП-листата, моментно има 7,710 поени, односно 2,615 поени помалку од Ѓоковиќ. Во Мајами Италијанецот го брани финалето и 600 поени и нема шанси да ја подобри позицијата. Сепак, потоа следува дел од сезоната во кој може да профитира многу, бидејќи брани само 585 поени на земјена подлога.

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

На земјена подлога, Ѓоковиќ брани 90 поени во Монте Карло, 45 поени на Србија опен, 180 поени во Рим и максимални 2000 на Ролан Гарос. Вкупно српскиот ас брани 2,315 поени. Алкараз лани не играше во Монте Карло, а не брани ниту поени. Одбрани 1000 поени од Мадрид, 500 од Барселона, 45 од Рим и 720 од Ролан Гарос. Вкупно Шпанецот брани 2,265 поени.

Се чини дека четвртопласираниот Данил Медведев моментно нема премногу шанси да се вклучи во трката за број 1. Русинот има 6,765 поени, односно 2,960 помалку од Ѓоковиќ. Медведев ја брани титулата на Мастерсот во Мајами, односно 1000 поени.

Кога е во прашање сезоната на земја, Медведев брани 180 поени во Монте Карло, 90 поени во Мадрид, 1000 поени во Рим и само 10 поени на Ролан Гарос, или вкупно 1,280 поени. Затоа, во наредниот период не очекува голема борба за првото место на АТП листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот