Ѓоковиќ ја зголеми предноста над Алкараз на АТП листата

Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 417 недела на врвот на АТП-листата, со што продолжи да го зголемува сопствениот рекорд.

Ѓоковиќ е на првото место на АТП листата со 9,725 поени и 920 повеќе од второпласираниот Карлос Алкараз кој има 8,805 поени.

Шпанскиот тенисер ја одбрани титулата на Мастерсот во Индијан Велс, откако во финалето го совлада Русинот Данил Медведев со 7:6 (7:5), 6:1.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го задржа третото место на АТП листата со 8,310 поени, додека Медведев е четврти со 7,765 поени.

Германецот Александар Зверев напредуваше за едно место и сега е петти тенисер во светот, а зад него се Русинот Андреј Рубљов, Данецот Холгер Руне, Норвежанецот Каспер Руд, Полјакот Хуберт Хуркач и Австралиецот Алекс де Минор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот