Алкараз го совлада Монфис за осминафинале на мастерсот во Мајами

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами, САД, откако во третото коло го совлада Гаел Монфис со 6:2 и 6:4.

Мечот траеше 74 минута, ова беше втор меѓусебен дуел на шпанскиот и францускиот тенисер, а втор триумф на Алкараз.

Шпанецот за пласман во четвртфиналето ќе игра против Италијанецот Лоренцо Музети кој со 6:4, 7:6 (7:5) го совлада Американецот Бен Шелтон.

Осминафиналисти во Мајами се и Бугаринот Григор Димитров, Германецот Александар Зверев, Русинот Карен Хачанов, Австралиецот Алекс де Минор, Полјакот Хуберт Хуркач, Унгарецот Фабијан Марошан.

Мастерсот во Мајами се игра за награден фонд од 8.995.555 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот