Aлкалоид: Парите за билети на навивачите ќе им бидат вратени!
Натпреварот помеѓу Алкалоид и АЕК како што е познато вчера не се одигра откако гостите од Атина одбија да излезат на теренот поради незадоволството од дозволената бројка на навивачи од страна на Алкалоид и МВР.
Препорачано
Додека се чека одлуката на ЕХФ за конечниот исход на средбата која треба да биде донесена утре, Алкалоид објави дека парите на сите кои вчера купиле билет за натпреварот ќе им бидат вратени во наредните 15 дена.
„Уште еднаш ја изразуваме нашата БЛАГОДАРНОСТ што ни дадовте безрезервна поддршка и што во голем број дојдовте во СЦ „Борис Трајковски“ на финалниот меч од Европската лига на ЕХФ. Жалиме што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот од ова натпреварување. Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот. Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина“, објави Алкалоид
ЕХФ: Натпреварот Алкалоид – АЕК е откажан поради безбедносни причини


