Алкалоид без милост – убедлива победа над МРК Куманово
Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со доминацијата во домашното првенство, откако во рамки на 17. коло од Суперлигата убедливо го совладаа МРК Куманово со 42-25.
Препорачано
Екипата од Скопје уште од првата минута постави висок ритам и целосно ја контролираше играта. На полувреме веќе имаа комотна предност од 20-12, а во продолжение само го зголемуваа темпото и предноста, осигурувајќи си рутинска и висока победа.
Во редовите на победничката екипа дури тројца играчи постигнаа по шест гола – Серафимов, Борзаш и Петковски. Кај Куманово најрасположен беше Александар Стојков со пет погодоци.
Алкалоид со овој триумф ја продолжува успешната серија и ги потврдува високите амбиции за оваа сезона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


