Алиоски за Биелса: Засекогаш ќе ти бидам благодарен, беше чест да учам од тебе!

Езџан Алиоски, поранешен фудбалер на Лидс/Фото: EPA-EFE/Tim Keeton

Денеска Лидс јунајтед информираше дека Марсело Биелса не е повеќе менаџер на екипата после три и пол години соработка.

Под раководство на искусниот аргентински стратег во составот беше и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Нашиот играч беше една од важните фигури во историското враќање на клубот после 16 години во Премиер лигата.

Една од најсилните европски лиги, а секако и самото знаење кое го доби од Биелса помогна доста во развојот на Алиоски како професионален фудбалер.

Нашиот фудбалер кој оваа сезона ги брани боите на Ал-Ахли од Саудиска Арабија се огласи преку социјалните мрежи да му се заблагодари на Биелса.

– Засекогаш ќе ти бидам благодарен за она што го направи за мене! Беше чест да работам со тебе и да учам од тебе! Ти благодарам Марсело Биелса – напиша Алиоски на „Твитер“.

Алиоски од 2017 до 2021 година во дресот на Лидс запиша 161 настап, реализирајќи вкупно 21 гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот