Алексовска освои бронзен медал на Светското џиу-џицу првенство во Абу Даби

Даниела Алексовска со бронзата на СП во Абу Даби/фото: facebook.com/thestrongestmkd

Агенцијата за млади и спорт организираше прием за македонската репрезентативка Даниела Алексовска која се закити со бронзен медал на Светското џиу-џицу првенство во Абу Даби.

Ова беше првпат наша натпреварувачка да биде дел од најголемиот светски настан на кој ќе има над 5.000 натпреварувачи од повеќе од 75 земји.

Нашата земја под „капата“ на Агенцијата за млади и спорт и Македонската федерацијата за БЏЏ настапи на Светско првенство.

Нејзиниот настап во највисоката категорија на виолетови појаси во младинска категорија, резултираше со освојување на бронзениот медал.

– Сите медали се вредни, но освоен медал кај млади талентирани спортисти, особено од понежниот пол и посебно во спортови кои не се толку застапени кај нас е посебно вреден – пренесуваат од Агенцијата за млади и спорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот