Алексиќ: Спроведувањето на Јанкулоска во „Идризово” е надвор од секоја законска процедура

Спроведувањето на Гордана Јанкулоска во „Идризово” е надвор од секоја законска процедура. Знам дека ништо нема да се промени со оваа изјава. Но, таа мислам дека вчера околу 15 часот ја примила одлуката и по 10 минути се појавила полиција која и кажала дека мора со нив во затворот „Идризово”. Таа е оневозможена да побара одлагање на казната по било кој друг основ, предвиден со закон. Таа нема примено упатен акт, за да е запознаена со терминот кога треба да се јави доброволно и да се спреми за во затворот „Идризово”, изјави денеска адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулоска која вчера беше спроведена во „Идризово”.

Јанкулоска во затворот „Идризово” ќе ја отслужува казната затвор од четири години затвор од случајот познат како “Тенк” кој се однесуваше за незаконската набавка на владиниот блиндиран “мерцедес” вреден 600.000 евра.

Се појави видео од приемот на Јанкулоска во „Идризово“ (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот