Јанкулоска денес попладне беше спроведена во затворот „Идризово” каде ќе ја отслужува казната затвор од четири години затвор од случајот познат како “Тенк” кој се однесуваше за незаконската набавка на владиниот блиндиран “мерцедес” вреден 600.000 евра.
Од вечерва, па во следните 14 дена, таа ќе биде во посебно одделение, кое во затворот функционира од март, како заштита од ковид-19. Потоа ќе се смести во едно од трите одделенија, во зависност од проценката на стручниот тим.
Јанкулоска е осудена за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањата.
На Јанкулоска и се суди и за незаконско прислушување во предметот „Таргет-Тврдина“ и во аферата „Титаник“.
Откако Јанкулоска беше спроведена во затворот „Идризово“, со реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ.
-Гордана Јанкуловска е жртва на неправдите и политичкиот прогон на мафијата на Заев. Јанкуловска оди во затвор за автомобил кој го вози и користи Зоран Заев и неговата мафија и во исто време кога истата таа власт троши над 8 милиони евра за купување на нови службени возила- вели опозицијата.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изрази надеж дека партиите ќе постигнат консензус за измените на Изборниот законик што е обврска од Реформската агенда. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Експремиерот Никола Груевски ослободен во случајот „Талир 2“ 2 Македонските ракометари ја запишаа првата победа на младинското ЕП 3 Швајцарскиот голман Јан Зомер ќе …
Во новото издание на емисијата „Медицинско катче“ разговараме за една од најважните теми во современата кардиологија, пејсмејкерот. Што претставува овој уред, кај кои пациенти се вградува, кои симптоми се аларм за посета на кардиолог и како изгледа животот по интервенцијата, објаснува д-р Иван Трајков, кардиолог од приватната болница „Аџибадем Систина“. Добиј ги најважните вести, бесплатно …