Д-р Александар Трајковски – директор на ТОАРИЛУЦ / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ

Д-р Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата Венко Филипче.

Филипче предлогот ќе го соопшти на седница на Извршниот одбор на партијата закажана за 18 часот. Предлогот Трајановски да биде нов потпретседател на СДСМ треба да помине и пред членовите на Централниот комитет, но засега седница на ова највисоко тело на опозициската партија не е закажана.

-Вечерва ќе се одржи состанок на Извршниот одбор на кој што ќе соопштам дел од овие планови. Како што реков внимателно одиме со овој процес, барам трпение од членовите и симпатизерите. Сакам да најавам дека на потпретседателската позиција ќе го номинирам докторот Александар Трајановски, кој моментално е член на Извршниот одбор. Исклучително посветен човек на партијата, кој имаше одлична кампања, привлече многу внимание и сметам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување на партијата – изјави на прес-конференцијата Филипче.

Трајановски, кој беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром, ќе биде предложен за потпретседател на СДСМ по оставката на Ана Чупеска, по локалните избори 2025.

Филипче ги демантираше написите во медиумите дека бил одбиен од поранешен градоначалник, нарекувајќи ги апсолутна невистина.

-Нема таков човек кој некаква понуда одбил. Нема – рече претседателот на СДСМ додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ се занимава со некои вакви прашања, наместо да одговори на прашања поврзани со економијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот