„Алекса“ и кажало на девојче да стави паричка на полнач делумно вклучен во штекер, Амазон веднаш го ажурираше уредот

Звучникот „Алекса“ на Амазон/ Фото Shutterstock

Амазон ја ажурираше „Алекса“, гласовниот асистент и еден од најпознатите производи, откако звучникот му рекло на десетгодишно девојче да стави паричка на полнач кој е делумно вклучен во штекер, пишува Би-Би-Си.

Девојчето побарало од „Алекса“ да предложи предизвик.

„Приклучете го полначот на телефонот околу половина пат во ѕиден штекер, а потоа допрете го со паричка“, кажал звучникот.

Амазон тврди дека ја поправил грешката во својот производ штом дознала за неа.

Мајката на 10-годишната Кристин Ливдал го опиша инцидентот на Твитер.

„Претходно сме правеле физички предизвици, како лежење и превртување држејќи чевел на нозе, од наставник по физичко на Јутуб.“, напишала мајката на Твитер.

Потоа Алекса предложила предизвик кој го „нашла на интернет“.

Опасен предизвик кој започна на ТикТок пред околу една година

Опасната активност, попозната како „предизвик со монети“, почна да се шири на социјалните мрежи, особено на ТикТок пред околу една година.

Металите спроведуваат електрична енергија и нивното вметнување во електрични приклучоци може да предизвика електричен удар, пожар и други оштетувања.

„Можете да изгубите прст или рака“, изјави Мајкл Класкер, менаџер на Источната противпожарна станица Карлајл.

Амазон се огласи преку соопштение

Мајката на девојчето изјави дека интервенирала кога слушнала што ѝ предложила Алекса на нејзината ќерка.

„Не, Алекса, не!“, напиша таа на Твитер.

Сепак, таа рече дека нејзината ќерка е „премногу паметна за да направи такво нешто“.

Амазон во изјава за Би-Би-Си рече дека го ажурира Алекс за да го спречи да предложи таква активност во иднина.

„Довербата на клиентите е во срцето на сè што правиме, а „Алекса“ е дизајнирана да им обезбеди на клиентите точни, релевантни и корисни информации“, се вели во соопштението на Amazon.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот