Албанскиот парламент ќе избере нов главен државен обвинител

Албанскиот Парламент се очекува денеска на пленарна седница да избере нов главен државен обвинител.

Високиот совет на обвинителството од повеќето кандидати кои аплицираа за оваа функција, а кои претходно го минаа ветингот, на законодавниот дом му предлага тројца кандидати според овој редослед: Олсиан Чела, Арта Марку и Фатјона Мемчај.

Според законот, новиот прв човек на државното обвинителство се избира со 84 гласови, што значи дека на мнозинството ќе им бидат потребни и гласовите на опозициски пратеници.

Исто така, законот предвидува дека доколку не се обезбедени потребниот број на гласови, тогаш прворангираниот кандидат на списокот, во овој случај Олсиан Чела автоматски станува главен државен обвинител.

Арта Марку на оваа функција како вршител на должноста беше поставена пред две години, само со гласовите на владејачката Социјалистичка партија, откако тогашниот Адриатик Лала, поднесе оставка поради сомненија за вмешаност во корупција.

Главниот државен обвинител се избира со мандат од седум години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот