Албански државјанин шверцувал суво овошје од Северна Македонија

Шверц на суво овошје од Македонија/Фото: МВР на Албанија

Албанската гранична полиција открила случај на шверц на стока од Северна Македонија во Албанија, при што уапсен е возачот на комби возило, со кое се превезувала осомничената шверцувана стока, а по едно лице се трага. 

 -Службите на граничната полициска станица Поградец запреа комбе „форд” во село Лин, Поградец, управувано од албанскиот државјанин Љ.Б. во кое при проверка се пронајдени и како материјални докази одземени десетици кутии сушено овошје, прошверцувани од Северна Македонија, стои во полициското соопштение. 

 Се додава дека по процедурални дејствија, специјалците за истражување кривични дела при Полициската станица Поградец, го привеле Љ.Б.(34) жител на село Лин, а по неговиот соучесник И.Г. (37),  жител на село Бучимас, Поградец, се трага. 

 Пред судските органи во Подградец тие ќе одговараат за сторено кривично дело „криумчарење друга стока”, извршено во соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот